Владата во спорот со Бугарија користи калимеро стратегија со која сака да ја префрли сопствената вина за непочнување преговори на Европската Унија и со тоа да спречи кривицата да падне врз владеачката СДСМ, тврди граќанскиот активист Бесим Небиу во интервју за порталот zoom.mk.

“Ако ги мериме реакциите после јуни има повеќе покажување со прст кон ЕУ и европските вредности. Некои аналитичари тоа ја нарекуваат калимеро стратегија во која ние се жалиме на нашата лоша судбина, во која ЕУ и Бугарија си причинители на таа наша лоша судбина. Мислам дека тоа беше донекаде стратешки одиграно од власта“, вели Небиу во интервјуто.

Небиу смета дека власта и првото вето од Бугарија ја дочекал со одредено ниво на изненадување бидејќи не ги сватила сериозно бугарските позиции.

„Не им беше јасно дека бугарската страна има политички консензус меѓу сите политички чинители. Тоа беше потценео. Постоеше чаршиско уверување дека Германија ќе изврши притисок и во последен момент преку други форми механизми вклучително и буџетски притисоци на ЕУ кон Бгарија. Не функционира на такви премиси Европската унија, ниту меѓунардоната политика. Можеби од Скопје така изгледа, меѓутоа тоа не е баш така“, смета Небиу.

Во врска со тврдењето на власта дека Северна Македонија ги има исполнето сите услови за започнување преговори со ЕУ Небиу вели дека вистината е малку поинаква.

„Во ниедна од препораките на Европската унија не стои дека Македонија ги исполнува сите услови. Се збори дека земјата во доволна мерка напредувала за да отвори преговори за да низ преговори ги реши сите длабоки системски дефекти на кој функционира државата и општеството и да ги прилагоди кон стандардите на ЕУ. Тука постои мал спин медиумски“, истакнува Небиу додавајќи дека да ги исполнуваше сите услови Северна Македонија ќе беше Исланд и можеби немаше да има потреба да се зачленува во ЕУ.