Алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои. Секоја регионална иницијатива е добредојдена но тоа не смее да биде алтернатива, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето да ја коментира иницијативата на Заев, Вучиќ и Рама за „Отворен Балкан.

Мицкоски воедно додава:

-Македонија треба веднаш оваа година, да ги отпочне преговорите со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артефицијални, вештачки препреки ние до овој момент не сме отпочнале преговори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.