Претседателот на Србија Александар Вучиќ заедно со премиерот на Албанија Еди Рама, ќе учествува на Економскиот форум во Скопје, чиј домаќин е премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. Се очекува на економскиот форум да присуствуваат претставници на 300 компании од трите земји, а се очекува потпишување на неколку важни дговори.

Во текот на вчерашниот ден, по прошетката низ главниот град, Вучиќ имаше неколку други средби. На една од нив доби благодарница од Ивона Талевска претседателка на МАН (Македонска асоцијација на новинари) за вакцинирањето на македонските новинари во Србија кога во нашата земја немаше вакцини.

Вучиќ порача:

-Ништо освен пријателство и братство не ни е потребно. Важно ние да ги имаме најблиските и најдобрите односи и да помагаме едни на други. Заеднички да опстануваме на нашите простори и да го подобруваме животот на нашите граѓани, порача тој.