Тој беше предложен како кандидат за министер за правда во Кабинетот кој Слави Трифонов го објави веднаш по изборите, а подоцна под притисок на јавноста и на потенцијалните партнери во идната влада го повлече.
Познат на јавноста како влијателен адвокат закитен со признанието „Адвокат на годината“ за 2017 година, асистентот по уставно право на Правниот факултет на Софискиот Универзитет „Св.Климент Охридски“ Петар Илиев е името кое се споменува како кандидат кој ќе ја преземе функцијата претседател на Владата на Бугарија. Роден пред 42 години, тој има богата биографија, во која се издвојуваат специјализациите на универзитите во Бакингам во Британија и во Њујорк во САД. Зборува англиски, шпански и руски.
Освен со академска кариера, Петар Илиев има и сопствен бизнис. Тој веќе 16 години e содружник во адвокатското друштво „Илиев и партнери“, прогласено за најдобра канцеларија за 2020 година.
Оснивач е и на неколку бизнис асоцијации, како што се Канадско-бугарската трговска комора и Карипско-бугарскиот бизнис клуб. Самиот бил заменик претседател на Британско-бугарската трговска комора а тој раководи и со Конзулатот на Барбадос во Република Бугарија.
Извор: 24 часа