Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје  во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19. Оздравеле 12 пациенти, а во изминатото деноноќие не е регистриран ниту еден смртен случај. Во моментов бројот на активни случаи кај нас е 326, а од почетокот на епидемијата се заразиле 156.124 лица.