Претседателот Џозеф Бајден најави дека американската воена мисија во Ирак ќе заврши до крајот на годината и посочи дека оваа одлука повеќе ја рефлектира реалноста на теренот отколку големите промени во американската надворешна политика.

Advertisements

Дури и пред Бајден да го преземе претседателското место, главниот фокус на Соединетите држави беше да им пружат помош на ирачките сили, а не да водат војна во нивно име, но американскиот претседател не прецизираше дали планира да го намали американскиот контингент во Ирак, која сега брои околу 2.500 војници.

Прикажи повеќе