Голем број на популарни веб-страници беа недостапни денеска поради глобалниот пад на интернет-услугите, јави Би-Би-Си.
Корисниците кои се обидоа да пристапат до некои од страниците добија порака за грешка DNS (Domain Name System), што значи дека нивното барање не може да стигне до страниците. Меѓу погодените страници беа Airbnb, UPS, HSBC банка, Бритиш ервејз и мрежата за игри на интернет PlayStation.
Популарниот давател на DNS услуги, Акамаи, соопшти дека проблемот е решен и дека „услугата сега повторно функционира нормално“.
DownDetector, платформа за следење на падови на системи на интернет, објави илјадници кориснички проблеми на десетици платформи.
Погодените страници беа и на Barclays, Lloyds, TSB и Halifax, страници за игри како што се Steam, Call of Duty и EA и услуги за стриминг на Канал 4 и ITV.
Ова е втор ваков масовен пад на системите во последните два месеца.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.