Министерството за транспорт и врски направил одредени корекции на Законот за легализација на дивоградбите, за кој претседателот одби да потпише указ и го врати на повторно разгледување во Собрание. Министерот за транспорт Благој Почварски вели дека корекциите се направени со цел законот да биде корисен за граѓаните на кои им треба кров над глава без можност да биде злоупотребен за други цели.

„Заштитени зони ги исклучуваме целосно од законот. Имаме прогресивно плаќање за оние што сакаат да легилизираат поголем објект. За нешто што е над стандардот на живеење во земјата да се плати повеќе, а за социјланите категории и со ниски примања да не плаѓат комуналии кон општините за да ги легализираат нивните објекти“, вели министерот Бочварски во интервју за zoom.mk.

Бочварски го одбил барањето да се направи регистар на дивоградби пред нивната легализавија затоа што дивоградбите ќе се евидентираат во текот на легализацијата кога граѓаните ќе поднесат барање за легализација.

„Ние со самото барање ќе ги пребројиме колку се тие објекти коишто бараат да се легализираат, а потоа влегуваат во катастар и тој имот се евидентира. Сметаме дека целата постапка само ќе ја оддолжи работата и дека е непотребна бидејќи ние можеме со години да ги пребројиме тие објекти, на крајот може да се случи некој и да не барат да ги легализираат така што нашите ресурси не би ги трошиле на таков тип на активност“, објаснува министерот Бочварски.