Советот за безбедност на ОН не го усвои предлогот за резолуција со кој се повикува на итно укинување на овластувањата на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, објавија медиумите во БиХ. Нацрт-резолуцијата беше доставена од Русија и Кина. Текстот беше поддржан од две членки на Советот за безбедност, Русија и Кина, 13 беа воздржани, а ниту една земја не гласаше против. За текстот се потребни девет гласа од 15, без вето на една од петте постојани членки – САД, Франција, Британија, Русија и Кина. Русија претходно побара од Советот за безбедност да се гласа за нацрт-резолуцијата, со која се бара итно да се одземат овластувањата на високиот претставник во БиХ.

Advertisements

Прикажи повеќе