Турција ја осуди одлуката на Европскиот суд за правдата дека работодавците можат да им забранат на своите вработени да носат верски симболи на видливи места.

Advertisements

„Одлуката на Европскиот суд за правда за хиџаби на работното место е уште еден удар врз правата на муслиманските жени“, напиша портпаролот на турскиот претседател Ибрахум Калин на Твитер. Тој праша дали корпусот на верски слободи ги исклучува муслиманите. Турското Министерство за надворешни работи претходно објави дека последната одлука е „исламофобија, расизам и омраза“.

Прикажи повеќе