Метеорологот Славчо Поповски на својот фејсбук профил објави видео од торнадо кое се формирало над нивите во селото Живојно, Битола. Како што вели тој, поради големата нестабилност во атмосферата, дојде до формирање на торнадо во Живојно, Битолско.

УХМР во текот на денот предупреди на нестабилно време, со можен пороен дожд и порача да се избегнува или да се биде многу внимателен при движење покрај потоци и суводоли, бидејќи е можно нивно излевање.

Веќе два дена Македонија е под влијание на влажна воздушна маса, а иако на оделни места имаше пороен дожд, засега не е забележано поголемо невреме со штети.