Владејачката СДСМ најави дека од денеска почнува теренска активност во пресрет на локалните избори, односно нивни претставници, ќе одат од врата до врата и ќе разговараат за сработеното од нивната партија, но како што велат сакаат да ги слушнат и потребите на граѓаните.

-Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, секое семејство, да разговараме за сработеното но, и да ги слушнеме нивните потреби.

Заеднички, со граѓаните ја креираме најдобрата програмската понуда на СДСМ за локалните избори.  Понуда за граѓаните, која ќе го унапреди квалитетот на живот во секое населено место, во секоја општина. Предлозите, коментарите и барањата, кои ги добиваме на маалските и урбани средби, на граѓанските трибини, на средбите со целни групи, веќе ги систематизираме и анализираме, изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.