Нова технологија развиена од јапонски инженери испишува нова историја кога станува збор за брзина на пренос на податоци.

Advertisements

Со оптички кабел долг повеќе од 3.000 километри, тимот постигна брзина на пренос на податоци од 319 терабити во секунда (Tb/s).

Ова не само што го урива претходниот рекорд од 178 Tb/s, кој оставаше впечаток на неверојатна брзина, туку и технологијата е компатибилна со постојната инфраструктура, што значи дека може да се надогради релативно лесно.

Новиот рекорд го постави тим научници и инженери предводен од физичарот Бенјамин Путнам од јапонскиот Национален институт за информатичка и комуникациска технологија (NICT) и се базира на претходната работа во која учествуваше NICT, постигнувајќи брзина од 172 Tb / s, објавено минатата година.

Прикажи повеќе