Истражување спроведено  од седум универзитети во Велика Британија покажува дека младите кои се хоспитализирани поради ковид-19 имаат еднаква можност да им се искомплицира здравствената состојба како и на луѓето постари од 50 години. Четири од 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години имале проблеми со бубрезите, белите дробови и другите органи за време на лекувањето, јави Би-Би-Си. Студијата вклучува 73 197 лица во 302 болници во Велика Британија за време на првиот бран на коронавирусот во 2020 година.

„Пораката е дека ова не е болест што ги погодува само постарите лица и ранливите“, рече професорот Калум Семпл, кој го водеше истражувањето.

Тој додаде дека ковид-19 не е обичен грип и дека се забележани компликации кај многу млади луѓе, а некои од нив имаат потреба од третман на оштетени органи дури и по прележана инфекција.