Американскиот Стејт департмент ќе понуди награди до десет милиони долари за информации што би довеле до идентификување на лица вклучени во злонамерни хакерски активности, поддржани од други држави. Наградата се однесува и на таканаречените напади на ренсомвер, односно на лица кои блокираат пристап до податоци со хакерски напади врз важна инфраструктура сè додека не се плати откупот. Активностите за борба против ваквите напади ќе бидат координирани од специјална работна група формирана од Белата куќа.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден исто така ја отвори веб-страницата stopransomware.gov, која нуди јавни ресурси за спротивставување на таа закана и за изградба на поголема издржливост на американската сајбер инфраструктура.