Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја поздравува искажаната политичка волја со која се прифати и имплементира решението на РКЕ за намалува Данокот на додадена вредност на електрична енергија за домаќинствата.

– РКЕ ќе продолжи да креира иницијативи кои треба низ соодветен институционален пат да донесат решенија за заштита на животниот стандард кога се во прашање потрошувачите, што практично се покажа и со денешното носење на законските измени кои потекнаа од нашата иницијатива што ја покренавме пред една година, со кои се намалува ДДВ-то за електрична енергија за домаќинствата, истакнува во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Бислимоски апелира сега фокусот да се насочи кон проширување на опфатот на ранливи категории – кои треба да бидат сет на прецизно идентификувани категории на домаќинства на кои им е потребна парична помош со која ќе се намалат сметките за електрична енергија, како што се пензионерите кои се во категоријата на најниски пензии.