Околу илјада луѓе се заразија со коронавирусот на музички фестивал во Утрехт, Холандија, а локалните власти велат дека тој број може и да порасне.
Дваесет илјади луѓе учествуваа на дводневниот фестивал на отворено Веркнипт на 3 и 4 јули. Првиот ден се заразиле најмалку 448 учесници, а вториот 516 учесници, објави агенцијата АНП.
Посетителите на влезот требаше да покажат или потврда за вакцинираност или негативен тест за ковид-19.
На 26 јуни Холандија ги укина скоро сите епидемиолошки мерки и дозволи поголеми собири, под услов учесниците да имаат сертификат за вакцинираност или негативен тест.
Според здравствените власти, тинејџерите и младите возрасни се најодговорни за растот. Центрите на зараза главно се фестивали, дискоклубови и ресторани.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.