„Опел“ ja претстави најновата верзија на еден од своите најпознати модели – „Астра“. Во сегментот Ц, новиот модел ќе се нуди со дизел и бензински мотори, но и со две „плаг-ин“ хибридни комбинации. Новата, шеста генерација на „Опел астра“, ја дели платформата и механиката со неодамна претставениот „Пежо 308“.
Телото на новата „Астра“ е за 51 милиметар пошироко и нешто подолго од претходната (четири милиметри). Зад новото тело лежи новодизајнирана патничка кабина во којашто доминираат два 25-сантиметарски дисплеи пред возачот и совозачот, како и конвенционалните копчињата за одредени функции.
Најновата „Астра“ ќе се напојува со мотори со внатрешно согорување, ќе се нуди со бензински и дизел-мотори во опсег на моќност од 110 до 225 коњски сили, а првпат корисниците ќе може да сметаат на два приклучоци за хибридни опции.
Во зависност од погонскиот систем, ќе биде задолжен 6-степен рачен или 8-степен самоуправувачки менувач.
„Опел“ веќе потврди дека шестата генерација на „Астра“ наскоро ќе биде понудена во уште попрактична верзија на каросеријата. Првите купувачи би требало да седнат во неа на почетокот на следната година.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.