Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ, биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко, потврди за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
-Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот во велешката болница му била ампутирана левата нога, а вториот имал само нагмечувања на шаката .Двајцата биле препратени на понатамошно лекување во одделот Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје, изјави за МИА, д-р Елеонора Јованова ,портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Како што информираат за МИА од Железничката станица во Велес, несреќата се случила во 00,45 минути по полноќ кога товарниот воз Гевгелија-Табановци ги повредил двајцата мигранти кои се движеле по пругата.Тие информираат дека поради несреќата немало прекин на железниќкиот сообраќај на таа релација.