„Со СДСМ 4 та година нема навремена исплата на субвенциите. Земјоделците се оставени без пари, а со огромни трошоци и давачки.

Владата нема завршено една мерка. Проектите и мерките од Програмата за рурален развој не се завршени.

СДСМ нема политика со која не им штети на земјоделците, таков е примерот и со покачувањето на цената на горивата, првенствено заради даноците и акцизите наметнати лично од Заев.

Само за време на Заев и само заради негова одлука земјоделците плаќаат 10 денари поскапа нафта, а со новите измени и новиот данок ќе биде над 14 денари.

А за тоа колку е континуирана поддршката на СДСМ за земјоделците гледаме дека се самороганизираат земјоделците од сите делови на државата за да протестираат во сред лето“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.