Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 254 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 58, за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 18 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 24 за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас, 36 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.