Министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, во Атина ќе го потпишат Договорот меѓу владите на двете земји за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција- Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев е во дводневна посета на Атина, Грција, а како дел од таа посета и средбите ќе биде потпишан овој договор.