Иако се уште не е дефинитивен изборот, сепак во јавноста се шпекулира дека републичкиот јавен обвинител ќе биде предлогот за уставен судија. На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека Љубомир Јовевски е човек на Зоран Заев, како што велат негов послушник и бранител на криминалот во Уставен суд.
-Доколку наводите се обистинат и Јовевски стане уставен судија тоа нема да биде поради неговите компетенции, авторитет и минат труд, туку само затоа што 4 години беше заштитник на криминалот на власта. Во време кога Јовевски е шеф на ЈО, нема предмет за Заеви, за случајот “Рекет” каде од главниот извршител слушнавме дека парите од рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Јовевски не отвори случај ниту за Ден Дончев кој видовме како трпа туце пари во торба. Јовевски е извршителот кој премолчи и за исчезнувањето на името на Вице од пријавата за рекет во РЕК Битола. Поставувањето на Јовевски во Уставен е уште еден во низата чекори за ставање на судот под палката на Заев, велат од ВМР-ДПМНЕ.