Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во „10МИНУТИ“ на ТВ21 објасни дека интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери не е само поради зборување на албанскиот јазик во Брисел, туку и поради други причини.

„Интерпелацијата се однесува на овој мандат на Џафери. Не се почитува ниту Устав, ниту деловник, се злоупотребува европското знаменце, беше доведено и нашето здравјето во опасност со носење на заразени пратеници на гласање. Свесни сме дека нема да има некаква реакција од институциите, но она што деловникот ни го овозможува, да побараме инерпелација на претседателот“, рече Стојаноска.