Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во Општата болница Гевгелија за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.
Како што информира Министерството за здравство, во моментов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20-тина деца се на терапија, но не се задржани во болница.
-Општата болница Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по нивното завршување јавноста ќе биде информирана, се вели во соопштението од Министерство за здравство.