Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, во изјава за хрватскиот портал „N1“, рече дека ЕУ веќе размислувала оние што ќе одбијат да се вакцинираат против коронавирус, самите да ги сносат трошоците за лекување.

Advertisements

Според него, Хрватска ќе премине на нов пристап кога станува збор за популаризација на вакцинацијата, кој ќе вклучува задолжителни предавања и едукација за сите лица, вакцинирани и невакцинирани.

„Предавањата ќе бидат задолжителни затоа што тие се одвиваат во рамките на образованието за  безбедноста при работа“, рече Берош.

Министерот додал дека сертификатите за првата вакцина ќе бидат продолжени на 10 месеци, наместо на претходните шест.

“Во Европската унија веќе се размислуваше оние кои одбиваат да бидат вакцинирани да ги сносат  трошоците за лекување. Во Хрватска, ние не одиме во таа насока. Државата ќе плати за нивното лекување, но зошто нашите парите да одат за третман на некој што можел да се заштити?“, рече Берош.

Прикажи повеќе