Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија, рече лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, пренесува Плусинфо.

Тој оценува дека во преговорите со Бугарија на маса се идентитетските одредници и затоа потребна е резолуција за црвените линии.

-Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија, постојат Евроазиска унија, Движењето на неврзаните, БРИКС… – смета Апасиев.

Тој го обвини премиерот Зоран Заев дека е причина за настанувањето на проблемите со Бугарија.