Главен фокус на вакцинацијата во моментов треба да се возрасните и ранливите групи на граѓани, а не децата, изјави за „360 степени“ микробиологот д-р Никола Пановски, коментирајќи ги најавите од Министерството за здравство дека од понеделник ќе се дозволи вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината „Фајзер“.
Мислам дека прво треба да се вакцинираат луѓето над 60 години. Не знам зошто би се вакцинирале децата, мислам дека целата работа е некако наопачки. Вакцинирањето е доброволно и пак ќе си ги вакцинираат децата оние што веќе се вакцинирани и нема да се заштитат фамилиите каде никој не е вакциниран. Не знам, може е само најава, но очигледно има потреба да се вакцинираат ранливите, ризичните групи на граѓани. Не е во ред да се заштитутваат тие луѓе со тоа што ќе ја вакцинираме нивната околина и тоа децата кои лесно го поминуваат вирусот. На 17 отсто проценти вакцинирани граѓани да се зборува за вакцинирање на деца, тоа не ми е логично. Тоа може да се зборува кога ќе имаме 75-80 отсто вакцинирано население, вели Пановски.
Според него, околу 70 отсто од децата досега се природно имунизирани и засега, не би препорачал нивна вакцинација.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.