ВМРО-ДПМНЕ се огласи со писмена реакција по повод изјавата на министерката Мила Царовска дека МОН не се откажува од реформите и дигитализацијата на учебниците и дека планираат тоа да се имплементира од септември.

-Мила Царовска и СДСМ упропастија цела една генерација на деца кои изминатава година не можеа целосно да ја следат наставата. Сега се на пат да упропастат уште десетина генерации со насилната „дигитализација“. Царовска се грижи само за сопствениот џеб и затоа турка проект од над 120 милиона евра, кој самата си го нарекува дигитализација, а всушност претставува само дигитални учебници, но не и комплетна дигитализација. За вистинска дигитализација оваа влада нема ниту знаење, а ниту време до почетокот на учебната година. Под наводната дигитализација всушност се крие желбата за менување на содржините на учебниците, што СДСМ си зема како обврска од Комисијата со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.