На 04.07.2021 околу 18.20 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за потраги при Единица за внатрешни работи Кисела Вода и при Единицата за внатрешни работи Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје на Љуботенски пат, атар на с.Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, бил лишен од слобода А.Р.(63) од Скопје, кој бил во бегство од пред 17 години.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.