Европската Унија има свои вредности, но за жал не ги почитува во некои конкретни области, а една од тие области која директно ги засега Северна Македонија, смета поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере.

– Тоа е неуспех на Европската Унија целосно да ги разбере негативните последици од последните ќорсокаци и бугарското вето, не само врз шансите за процесот на пристапување кон ЕУ, туку и врз граѓаните кои ја гледаа перспективата во европската иднина, оценува Фуере во интервју за 24 Вести.

Осврнувајќи се на бугарското вето, Фуере нагласува дека обидите на Бугарија да ги внесе историјата и идентитетот во процесот на проширување на ЕУ, претставуваат дополнителен удар врз политиката на Унијата за проширување и ја поткопуваат нејзината позиција не само во регионот, туку и во светот.

– Со тоа ЕУ не ги почитува своите ветувања, не ги почитува своите заложби кон регионот. Ако потфрли во своето непосредно соседство, тогаш повеќе нема смисла за ЕУ. Така што Европската Унија мора итно да го промени однесувањето, вели Фуере,