Потрагата по 20-те исчезнати во смртоносното свлечиште од кал и надојдена вода во Јапонија продолжи и денеска, откако дождот што постојано паѓаше ги искомплицира напорите на спасувачите.

Досега се спасени 10 лица од куќите заробени во калта, јави јавната телевизија НХК.

Се проценува дека на местото на настанот има околу 1.000 спасувачи, вклучувајќи и припадници на војската, кои мораа привремено да ја прекинат потрагата поради обилниот дожд.

Обилните дождови вчера предизвикаа огромно лизгање на кал во префектурата Шизуоки, југозападно од Токио, целосно уништувајќи десет, а оштетувајќу 300 куќи.

Во природната несреќа во крајбрежниот град Атами, познат по термалните бањи,  загинаа најмалку две жени, јавија локалните медиуми.

Поради мекото тло, властите предупредуваат на опасноста од нови свлечишта и поплави и во други области, а во наредните денови се очекуваат и повеќе врнежи од дожд.

Експертите наведуваат дека буицата од кал и вода во Атами се движела со брзина од околу 40 километри на час. (МИА)