-Неспособната и криминална влада не успеа да набави вакцини со кои што би се спасиле човечки животи и затоа според нашите податоци околу 40 илјади македонски граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Како што вели тој, нивната партија ќе бара носење на закон со кој ќе се овозможи рефундирање на средства на македонските граѓани кои се вакцинирале во Србија.

-Тоа се наши граѓани кои што плаќаат здравствено осигурување во Македонија и за кои што вакцинацијата треба да е бесплатна, но не е бесплатна затоа што имаат трошоци да отидат во странство, трошоци за превоз и за престој во соседните држави затоа што неспособната влада не успеа да обезбеди вакцини. Имајќи предвид каква е ситуацијата сега веројатно тоа ќе се случува и во следниот период, вели Николовски.