Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за ТВ21 вели дека е разочаран од тоа што Северна Македонија не ги почнала преговорите со Европската унија поради блокадата од источниот сосед. Бугарија треба да разбере дека во Европската унија не може да продолжи со негирање туку со поврзување порача Ципрас. Преспанскиот договор, за кој поранешниот грчки премиер посвети големо внимание во интервјуто, рече дека треба да биде пример за решавање на проблемите и на други држави. Ципрас откри и дека и годинава ќе има средба со Заев кој ќе оди на летување во Халкидики.