Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека му се допаѓа планот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за реформа во ЕУ, претставен во платена реклама, која некои европски медиуми одбиле да ја објават.
– Ми се допаѓа и се согласувам пред се со последната точка која вели дека Србија треба да стане членка на ЕУ. Повремено се гледам со унгарскиот премиер и нашите ставови се многу слични, истакна Земан во интервју за весникот „Млада фронта Днес“.
По повод новиот унгарски закон за забрана за претставување на сексуалните малцинства во училиштата, чешкиот претседател повтори дека ги отфрла трансродовите лица, како минатата недела што го стори тоа кога во телевизиско интервју изјави дека трансродовите луѓе му се одвратни, а операцијата за промена на полот ја нарече „самосакатење“.
– Ако оперирате полни органи на здрав организам, тоа е без сомнение самосакатење. Истанбулската конвенција, која многу правилно се спротивставува на женското обрежување, трансродното е всушност многу побрутално, нагласи чешкиот претседател.
Земан им порача на мажите да не го менуваат полот, туку ако се чувствуваат како жена нека се облекуваат така, нека носат високи потпетици и ставаат перики, а исто така тврди дека во арапските земји обрежувањето на девојчињата не е спротивно на нивната волја и волјата на жените бидејќи е составен дел од арапската култура.
Тој во интервјуто го осуди и новиот обичај на фудбалерите од некои земји кои клекнуваат во знак на протест против расизмот прет почеток на натпревар, нарекувајќи ги „идиоти“ оние кои го прават тоа.