На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.294 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.