ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-тина кандидати за претстојните локални избори, а до средината на јули ќе соопшти уште толку. Тоа вечерва го соопшти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Тој додава дека се работи за комплетно нови имиња.
„За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември“, истакна Мицкоски во дневникот на ТВ Сител.