Претседателот на државата Стево Пендаровски е во официјална посета на Хрватска. Тој во обраќањето порача дека изјавите кои доаѓаат од португалските функционери, а кои се поврзани со Северна Македонија и спорот со Бугарија, се целосно погрешни. Воедно, Пендаровски порача дека добрата вест е што португалското претседателство со ЕУ заврши.

-Искрено жалам поради длабоко погрешните изјави кои ги поткопаа сите напори и одличниот и балансиран предлог со кој претходно излезе португалскиот министер за надворешни работи Да Силва. „Од историчари кои се занимаваат со политика, полоши се само политичари кои се обидуваат да толкуваат историски епохи, изјави Пендаровски.

Реакциите се предизвикани од изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик. Таа го нарече македонскиот јазик „северномакедонски“, и оцени дека „некогаш бил дел од бугарскиот јазик“.