Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел.

Advertisements

Весникот „Луксембург Ворт“ објави дека тој засега има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности, а ќе остане во карантин 10 дена.

Според луксембуршката Влада, Бетел на 6 мај примил само една доза од вакцината „Астра Зенека“, а втората доза требало да прими неделава.

На самитот на ЕУ тој имал контакти со голем број европски лидери. Меѓу нив и германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но од објавените фотографии се гледа дека сите тие носеа маски на средбите.

Прикажи повеќе