Во Москва е надминат температурниот рекорд за 27 јуни откако во 11 часот се измерени 32,2 степени Целзиусови, објави локалниот хидрометеоролошки центар.
Од таму за РИА Новости изјави дека рекордната температура за 27 јуни е претходно измерена во 2013 година и изнесувала точно 32 степена.
Според прогнозата на метеоролозите, рекордно висока температура може да се измери и во следните денови.