Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска од Скопскиот форум, што се одржува во хотелот Александар Палас им даде безрезервна поддршка на премиерот Зоран Заев и на РС Македонија на патот кон евроинтеграцијата.

„Заев се спротивстави на сите нерешливи проблеми, ја отвори партијата да вклучи Албанци за тоа да биде граѓанска партија а не моноетничка. Тој има право да се чувствува фрустриран затоа што Бугарија бара нешто повеќе. Му реков дека нема да бараат да се нарекувате „Западна Бугарија“ . Не сме ние тие што не успеавме, туку тие не успеаја. Но тоа е нивна куќа, не е наша куќа. Ние сме Европејци без ЕУ. Но,сепак сме Европа. Ние сме во средиштето на Европа, вели Рама.

Рама побара искреност од Европската унија.

„Единствениот проблем што го имам со овие луѓе е што кажуваат „ние ве сакаме, но имате некои проблеми што не се решени. Што мислат со тоа кога ќе речат „не сте подготвени“. Ние сме подготвени. Едноставно нека кажат – сте ја завршиле работата, но ние не сме подготвени, рече Рама.