Главната расправа за „Моќник”, предвидена за денеска, се одлага по барања на јавниот обвинител кој го застапува овој случај. Како што информираат од Кривичниот суд Скопје, следното рочиште за овој предмет е закажано за 14 јули.

Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама”, третообвинетиот дека сторил „измама” и „злоупотреба на службената положба и овластување”. Со обвинителниот акт останатите 10 опфатени лица се товарат дека сториле „злоупотреба на службената положба и овластување”. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски.