Владата одлучи да се намали ДДВ на струјата од 18 на 5 отсто, потврди министерот Фатмир Бесими.

Бесими на Фејсбук објасни дека намалувањето се однесува за период од први јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од први јули 2022 до 30 јуни 2023 година.

„Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата“, тврди Бесими.