Целта на еуфоријата во РС Македонија што ја набљудуваме во последните месеци е нова анти-бугарска кампања. Властите во Скопје сакаат да го прикријат своето не сакање двете земји да имаат нормални односи и да се затворат отворените прашања помеѓу Софија и Скопје“, изјави пред бугарското Национално радио, Љубчо Нешков, новинар и сопственик на информативната Агенција БГНЕС.

Тој појаснува дека бугарската позиција во однос на Македонија е позната од 30 години. Во емисијата „12+3“ каде што беше гостин Нешков додава: „Фактот што има притисок врз Бугарија не значи дека ние не сме прави. Се трудиме на Македонија да и помогнеме да ги почне преговорите за членство во ЕУ а во истото време нивни пратеници и лидери , одат во Брисел и зборуваат глупости во однос на бугарските политичари.
Целото интервју со Љубчо Нешков можете да го слушнете на следниот линк.