Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов очекува позитивна одлука за започнување преговори од утрешниот Самит на Европската унија. Костандинов смета дека за вакво важно прашања и во овој исклучително важен моменти треба да се биде трпелив.

„Она што е важно и она што граѓаните го знаат и она што грѓаните веруваат е дека на секој можен начин се заштитени македонскиот идентитет, македонскиот јазик но силно веруваме во европската иднина на Република Северна Македонија“, рече Костадинов.

Бугарската влада останува на ставот дека не се исполнети условите за Меѓувладината конференција на ЕУ со С. Македонија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска го предупреди премиерот Заев да не игра со македонскиот национален идентитет и јазик затоа што ќе добие жесток одговор.

„Најдобар демант наместо поразни флоскули, е предочување на предлогот пред јавноста, за таа сама да ја оцени вистинитоста“, побара Стоилковски.