Швајцарија преку новата програма тешка 65 милиони швајцарски франци ќе продолжи да го поддржи планот за развој на Северна Македонија во наредните четири години, најави амбасадорката Сибил Зутер Техада.
„Во согласност со реформските процеси на Северна Македонија, новата Програма за соработка се фокусира на унапредување во областите на демократско управување, одржлив економски развој, како и оспобување на одржливи јавни претпријатија и заштита на животната средина“, изјави амбасадорката Техада.
Таа верува дека швајцарско искуство и експертиза ќе бидат корисни за негување заеднички дијалог за развојната агенда и приоритетите.
Премиерот Зоран Заев изрази задоволство од продолжување на програмата и ја пофали силната посветеност на Швајцарија да не поддржи во решавањето на преостанатите
предизвици.