Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјите од портокаловата листа за ризик од Ковид-19, како што се Северна Македонија, Албанија, Либан и Србија, се додадени на жолтата листа, откако Данскиот институт за превенција и контрола на заразни болести регистрирал пад на стапката на инфекции со коронавирус во овие држави.

Според соопштението на данското МНР, од 19 јуни, патниците од овие земји ќе можат да влегуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за Ковид-19, пренесе порталот SchengenVisaInfo.com.

За државите од жолтата листа, сепак, останува непроменет условот да се тестираат пред да влезат во земјата.