Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека во време кога ги осиромашува граѓаните со покачување на цената на горивото безсрамно нуди ваучери за летување.

„Поради неспособноста на власта на Заев, околу 600.000 лица живеат во сиромаштија, со едвај 2 евра дневно, 60.000 станаа нови невработени,  а над 6.000 бизниси кои се најчесто семејни ставија клуч за само една година“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Тие тврдат дека власта создала нов долг од 2,4 милијарди евра, а притоа ништо не изградила.

„Ваквите мерки за ваучери им се гол популизам со кој на краток рок купуваат социјален мир наместо да ги поддржат стопанството и индустријата, како главен двигател на економијата и стандардот на граѓаните“, сметаат во опозицијата.