Владината СДСМ денеска ја обвини опозицијата за ширење на конструкции во врска со преговорите со Бугарија повикувајќи се на медиумски шпекулации,  со кои им наштетуваат на државните и националните интереси.

„Тоа е политички аматеризам класично антидржавно однесување. Република С.Македонија со Република Бугарија има потпишано Договор за добрососедство и врз основа на содржината во тој договор се одвиваат и преговорите и изнаоѓањето на решенијата за ова отворено прашање коешто трае долги години“, велат во СДСМ.

Тие негираат дека институциите молчат на медиумските шпекулации за наводните предлози на премиерот Зоран Заев за решавање на спорот со јазикот.

„Владата предводена од СДСМ соопшти дека за време на вчерашните средби е направен позитивен исчекор, се унапреди меѓусебната доверба и дијалог и истовремено ги демантираше написите на одредени медиуми за наводно прифатени формулации за постигнати решенија“, додаваат во СДСМ.