Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања нема да се состане до октомври за кога е закажан нов состанок за да најдат решение за спорните историски прашања меѓу двете земји.

Копретседателот на Комисијата Ангел Димитров тврди дека одлагање побарала македонска страна и најави дека нема да прават компромиси во науката.

„Начелно октомври е договорениот термин но за точките на дневниот ред се уште е рано да се каже бидејќи тој се утврдува на само неколку дена пред средбите“, изјавил историчарот Петар Тодоров за ТВ 24.

Минатата недела Комисијата имаше онлајн состанок каде немаше напредок. Македонската страната, предложила идеи кои на различен начин ја толкуваат минатото, но бугарска страна одбила.

На псоледната средба истаричарите разговарале за претставување на државата на Цар Самуил во македонските учебници. Има договор за заедничкото чествување на царот, но нема договор за учебниците бидејќи бугарската страна него го сметаат како бугарски цар.